ДА НЕ ГИ МИСЛИТЕ ,,БРАЧЕДИТЕ”: Катерина Заева, Бобан Заев, Трајче Заев и Стивен Џерард ќе прозиведуваат мapихуана во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лиценца да водат бизнис со канaбиc за медицински цели добија 15 компании, а постапката на избор траела шест месеци.

Ова се фирмите кои ги добија:

Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канaбиc во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канaбиc про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.

Во две од нив главниот збор го имаат братучедите на премиерот, а во една, пак, Стивен Џерард, пишува Пресинг ТВ.

Оваа компанија е основана во 2011 година, со дејност за одгледување на зеленчук, а како прв сопственик е запишан Зоран Додевски и трговското друштво Фитохемија. Но откако добива дозвола за одгледување на канaбиc, во сопствеништвото на компанијата влегува и словенечката Фрејхер со седиште во Љубљана.Подоцна, во сопствеништвото влегува и струмичката компанија Еленица, а управители се Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев и Словенецот Томаж Фрелих. Во март лани, во сопствеништвото влегуваат и компаниите Зора од Охрид и Урбан План Конструктион од Тетово.

Фарма Медика Канaбиc
Фарма Медика Канaбиc одгледуваат канaбиc во Валандово. Како сопственици на компанијата се јавуваат братучедите на премиерот, Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и Трајче Заев.

Фармаролли ќе одгледува марихуана во Скопско
Формирана е на 05.10.2017та година. Управител на компанијата е Стивен Џерард Маллој. А како сопственик се води компанијата со исто име „ФармаРолли Холдингс Б.В.“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This