Да не се гpижите: Има кој да ги замени Зaxapиева и Кapaкачанов со навpeдите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Копретседателот од бугарска страна на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров, удри по македонските членови по последниот неуспешен состанок.

„Нашите колеги станаа исклучително активни во создавањето на пропагандната атака против нас и со инсинуации кон нас. Професионално се беспомошни, но се многу успешни во создавањето на пропагандната завеса на суштинската работа на комисијата“, изјави тој за Бугарската национална телевизија.

Според него се обидуваат да одбранат нешто неодбранливо.

„Се обидуваат да одбранат нешто што е неодбранливо. Почнуваат да влегуваат во фаза на нерви. Нашите колеги ја следат политичката линија на нивното раководство – да не признаваат дека постои заедничка историја и да ги одржуваат работите напнати. Нивните обвинувања се насочени кон тоа дека бугарската страна ја политизира темата, бидејќи во нашата земја не е избрана нова влада. Продолжуваат да сметаат дека водиме некакви преговори, но нештата треба јасно да се разграничат и политичарите да преземат одговорност“, додаде првиот бугарски амбасадор во независна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This