ДА НЕ СЕ ПОДИГНУВА ГОТОВИНА ПОВЕЌЕ ОД ПОТРЕБНОТО: Банките бараат модел кој ќе го олесни товарот на компаниите и населението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Банките заедно со Народната банка работат на изготвување решение кое ќе придонесе за олеснување на финансискиот товар на компаниите и населението. Предлози од банките се испратени до централната банка и многу брзо се очекува конечното решение од Народната банка. Во моментов речиси сите работат 24/7. Предлог иницијативата беше испратена до сите банки да ја разгледаат. Сите банки имаат различни портфолија, некои имаат повеќе компании, некои повеќе население и да видат што од тоа може да се примени, како ќе се примени и врз основа на комуникацијата со реалниот сектор проблемите што ги слушаме ние можеме да предложиме кон централната банка во смисла на оваа одлука да се интервенира и да се направи така што да биде прифатлива и за централната банка и за нас и да им излеземе во пресрет на компаниите и населението- изјави денеска претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова Штериева.

Како што додаде материјалите од банките се испратени вчера во втората половина од денот до Народната банка и се очекува тие да ја пуштат одлуката, но според Стевкова-Штериева, тоа би требало да биде брзо решение.

Oчекувам дека тоа ќе биде многу брзо како решение од централната банка, рече таа и додаде дека ќе настојуваат да излезат во пресрет на команиите, но и секако да ги заштитат банките кои се субјекти кои што од депозитното работење одобруваат кредити – рече Стевковка Штериева.

Ова, како што посочи е исклучително сложена проблематика за која мора умешно да се најде баланс меѓу потребите на реалниот сектор, што ќе бидат големи и обезбедување сигурност и стабилност на банкарскиот систем во целина.

Стевкова Штериева додаде дека не може да се прави паралела со мерките што се преземени во другите земји бидејќи секоја земја и секој банкарски систем има свои специфики. Посочи дека банките се многу силни, ликвидноста е на историски највисоко ниво откога било досега и дека парите на граѓаните се безбедни и увери дека сите се на иста страна и дека банките имаат голем интерес да го задржат квалитетот на одобрените кредити, без притоа да се загрози стабилноста.

Заради заштита на вашето здравје апелираме до населението да не се подигнува повеќе готовина од потребната за покривање на вашите потеби. Вашите пари се безбедни, а банките и штедилниците работат. Подигнувањето готовина ве изложува на зголемен ризик од повеќе аспекти: интензивни контакти со други луѓе, потенцијално губење или кражба на вашите пари. Особено апелираме да се воздржиме од подигање готовина во девизи, бидејќи девизите доаѓаат од меѓународниот платен промет и се потенцијална зараза со вирус, а истите не се платежно средства во нашата земја и не се неопходни за секојдневните потреби – порача претседателката на Македонската банкарска асоцијација, која говореше во име на сите банки.

Потсети дека како систем сме поминале криза и во 2001 година и косовската кога имало повлекување девизи, кога во тие околности можеби биле потребни за некој да оди надвор од земјата, но, посочи, дека сега сме затворени, тука плаќаме со денари и дека дури и за денарите е најдобро да најдеме начин што помалку да ги допираме.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This