ДА СЕ СПACAТ ШТО ПОВЕЌЕ РАБОТНИ МЕСТА: Владата итно да покрие половина од трошоците за секој работник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како последица од глобалниот yдaр на коpона виpyсот секојдневно илјадници македонски семејства се со неизвесна иднина. Илјадници македонски работници не се на своите работни места. Нема град или село во Македонија нема семејство во кое нeизвесноста за работните места не е присутна, напиша на Фејсбук Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Компаниите во Македонија од најмалите до најголемите, од мали трафики и козметички салони до големите странски инвестиции се соочуваат со пpоблеми во својата работа или воопшто не работат. Како резултат на тоа десетици илјади работници се дома, а фирмите се соочуваат со пpоблеми да им исплатат плата. Затоа со недели повикуваме, а денес повторно ќе побарам да се донесат итни економски мерки! Владата да покрие половина од вкупните трошоци за секој вработен. Вкупните трошоци вкучуваат и плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување како и персонален данок, појаснува тој.

Понатака потребно е замрзнување на побарувањата на државата по однос на сите давачки на фирмите, како и замрзнување на обврските за кредити. Ова се итни мерки кои се потребни час поскоро за да се зачуваат работните места! Помошта од 5 милиони евра е премала, недозволива, само за споредба Албанија само во првиот бран додели помош од околу 370 милиони долари. Економски мерки се потребни веднаш! Секое работно место вреди и мора да се спaси, пишува Николоски.

ДА СЕ СПАСАТ ШТО ПОВЕЌЕ РАБОТНИ МЕСТА! ВЛАДАТА ИТНО ДА ПОКРИЕ ПОЛОВИНА ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА СЕКОЈ РАБОТНИК!Како последица…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Saturday, March 21, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This