Да ја бomбapдираме Куба како Косово: Ова е предлогот на американски градоначалник за решавање на kpизата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на американскиот град Мајами, Франсис Суарез, смета дека Соединетите држави треба воено да интервенираат во Куба со цел да се сруши сегашниот режим.

Градоначалникот за „Фокс њуз“ вели дека Вашингтон треба да проучи различни опции за притисок врз Хавана.

„Треба да се дискутира и да се земе како потенцијална опција, како една од многуте други опции“, нагласи Френсис.

Сепак, малку подоцна, Суарез малку ја омекна својата првична изјава: тој не повика на воздушен напад на Куба, туку даде само примери на реакција на САД на светските настани.

„Еден пример е воздушниот напад врз Косово за време на администрацијата на Клинтон“, објасни Суарез, осврнувајќи се на бомбардирањето на Југославија во 1999 година.

Тој додаде дека не повикува на конкретни чекори, но дека „луѓето во Мајами се многу загрижени“ што американските власти не преземаат ништо.

“Да бидам јасен: Јас не пропагирам специфична стратегија, не сум воен експерт или претставник на армијата. Немам податоци или анализа што ги има армијата. Нашата армија ќе донесе одлуки. Верувале или не, но се водат дискусии “, објасни градоначалникот на Мајами.

Првите големи протести се одржаа на 11 јули во десет кубански административни единици, на кои присуствуваа илјадници луѓе. Барањата на демонстрантите се „одржување слободни избори“ и решавање на социјални проблеми. Приврзаниците на владата и комунистите излегоа на улиците по поканата на претседателот и организираа собири во кубанските градови.

Повиците за хуманитарна интервенција во Куба, кои се појавија на социјалните мрежи, може да ја отворат вратата за воена интервенција на Соединетите држави, смета кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез.

„Да се ​​молиме за хуманитарна интервенција во Куба значи да се молиме за воена интервенција на САД“, рече Родригез.

Министерот истакна дека владата на САД е виновна за инцидентите на 11 јули.
„Ја обвинувам американската влада за директно вмешување и ги сметам за одговорни за инцидентите на 11 јули. Исто така, ќе одговараат и за нивните последици “, рече кубанскиот министер за надворешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This