ДВАЈЦА ТАТКОВЦИ И ЕДНА ПРИНЦЕЗА: Свршеник и бивш сопруг на една жена рушат стереотипи за доброто на ќерката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правилно родителство е да се стави доброто на децата на прво место.

Токму тоа го прават Дејвид, Дилан и Сара со цел да ѝ ја покажат на малата ќерка Вилоу моќта на љубовта.

Дејвид е поранешен сопруг на Сара, а Дилан е нејзин свршеник, но и покрај тоа, тие се најдобри пријатели и даваат сè од себе за да ѝ покажат на Вилоу колку е сакана.

Пред неколку дена, Дилан објави фотографии направени пред Дејвид да ја поведе Вилоу на училиштен танц татко-ќерка заедно со моќна порака за ко-родителството. Објавата стана вистински хит на социјалните мрежи и многумина го опишаа семејството како инспиративно.

Наша ќерко Вилоу. Можеби никогаш нема да дознаеш како нè промени твојата љубов сите нас. Типот од левата страна сум јас (Тато, Тато Дилан или Бонус Тато), во средината се разбира е нашата Принцеза Вилоу и типот десно е Дејвид (Тато, Тато Дејвид или биолошки Тато). Не, ние не сме истополов пар, но делиме иста ќерка. Дејвид ѝ е бивш сопруг на Сара, а јас сум Свршеникот. Се споивме заедно во едно уникатно семејство само за доброто на нашите деца и за тие да ја научат моќта на љубовта. Јас не добив само ќерка, добив и брат и најдобар пријател. Ти благодарам Сара што дозволи ова да се случи.

Кога се грижиме за децата (и од двете страни) повеќе од тоа како општеството нè учи да се однесуваме кон бившите партнери, тогаш ѕидовите ќе паднат, животот ќе ни биде ослободен од омраза и каење, а нашите деца ќе ги надминат бесмислените „норми“ кои општеството ни ги фрла в лице.

Тој останува кај нас кога доаѓа на посета, бидејќи семејството е секогаш добредојдено. Тој не е аутсајдер, тој е и секогаш ќе биде дел од мојот живот поради простиот факт дека делиме иста ќерка! Се разбира, ниту еден момент немаше да биде ваков без Сара (Мама) и нејзиното нежно и љубезно срце!

Вилоу Грејс, ти си сакана од многу луѓе на овој свет и твоите Татковци те сакаат!

Ова НЕ е фотосесија, иако Сара е фотографка. Овие фотографии беа направени пред танцот татко-ќерка. Дејвид ја одведе оваа година. Ова беше непланирано фотографирање. Ова е реално и ова сме ние.






Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This