ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е ПОД СНЕЖНА ПОКРИВКА, УХМР ПРЕДУПРЕДУВА, ОБИЛЕН СНЕГ И СИЛЕН ВЕТЕР КОЈ СЕЧЕ: Казни до 4.000 евра за неисчистен снег!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снегот почна да вее низ цела Македонија, а снежна покривка има и во Скопје. Само во југоисточниот дел има врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе биде во позитива и ќе се движи од нула до пет сантиметри.

Снежна покривка од 76 има на Попова Шапка, 60 Маврово, 41 Лазарополе, 30 Крушево, 24 Пожаране, 8 Тетово, 5 Битола, Претор, 2 Скопје-Петровец.

Во Законот за јавна чистота се пропишува дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи. Законот предвидува глоба во износ од 1 000 евра да му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект, пренесе Емагазин.

Глоба во износ од 4 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.

Инаку врнежите од снег почнаа од ноќеска, а денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни. Во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Во Скопје, ќе биде облачно, врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This