Двајца уапсени во Железници и Транспорт поради копање криптовалути

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38).

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од МВР за ТВ21.

Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата.

По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This