Две дози нe ce доволни: Израел станува првата држава што ќе дава трета доза од вakцините на „Фajзер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израел стана земјата која најбрзо спроведе масовна вакцинација против корона вирусот, а сега израелските власти планираат да пристапат кон вакцинирање со трета доза за граѓаните под најголем ризик.

Израелскиот министер за здравство, Ницан Хоровиц, објави дека ќе се дава трета доза од вакцините на „Фајзер“, на највозрасните граѓани, коишто се под најголем ризик.

Ќе почнеме да даваме трета доза на луѓето кај кои има имунолошки ризик – изјави Хоровиц.

Како шѕо објасни министерот за националната телевизија, се разгледуваат можноста и потребата да биде проширен кругот на луѓе коишто ќе треба да примат трета доза и тоа да биде направено и за останатите граѓани.

Ваквата одлука доаѓа откако податоците што ги има израелското минситерство покажале дека има корелација меѓу бројот на пациенти зарззени со делта варијантата на корона вирусот и вакцинираните, пред се во јануари. Тоа се разгледува како причина за тоа што има оад на ефикасноста на вакцината шест месеци по нејзиното примање.

Сепак, различни експерти во земјата истакнуваат дека зе уште е премногу рано за да се носат заклучоци, со оглед на тоа што станува збор за многу мал примерок. Истовремено, тие истакнуваат најголемиот број од лицата имунизирани на почетокот од масовната вакцинација биле луѓе со поодмината возраст, кои имаат послаб имунолошки систем.

Од компанијата „Фајзер“ минатиот четврток официјално побараа од американските власти да се одобри примена на трета доза од вакцините. Ваквото барање го темелат врз основа на истаржување кое покажало дека ефикасноста значително се зголемува доколку третата доза се аплицира за време на следните 12 месеци по примањето на претходните дози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This