ДВОЈАЗИЧНОСТА ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМ ЈАЗ ВО ОПШТЕСТВОТО: Двојазичноста влегува на голема врата по секоја цена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По нелегалното потпишување на Законот за јазици од страна на Талат Џафери и пуштање во „Службен весник“ без потпис на Иванов започна неговото реализирање по секоја цена.

© AP Photo/ Boris Grdanoski

Реализирање на двојазичноста започна уште минатата недела со прес конференција на пратеникот Ејуп Алими од ДУИ кој на прес-конференција во македонското Собрание говореше само на албански јазик. При што Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата рече дека како Влада не би можеле да ги коментираат настапите на одредени политички субјекти и да им укажуват како тие да ги пласираат нивните информации до јавноста.

Пред неколку дена се случи уште еден инцидент кога Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, бурно реагираше на говорот на министерот за образование Арбр Адеми, кој на новинарско прашање поставено на албански јазик одби да одговори и на македонски.

„Ние бевме таму за да се најде решение за три дечиња од Горно Караслари, а учат во Долно Каралсари. Тие учат настава на македонски, а е на мајчин албански јазик. Многу ми пречи фактот што новинари од албански редакции поставуваа прашања на албански јазик. Се спомнуваше Велес, гимназијата и состојбите. Министерот дава одговори на албански јазик, а не се преведуваат ни прашањата ни одговорите. Немаше преведувач и затоа се одлучив на таква реакција. Не сакав да бидам декор на нечија прес-конференција во мојата земја и да не разбирам за што се зборува“ – истакна Коцевски.

А, вчера во  државната комисија за спречување на корупција, старата табла е заменета со нова двојазична табла на која е испишан натписот на институцијата на двата јазика, македонски и албански. И додека се уште државната комисија за спречување на корупција нема нови членови кои треба да ја контролираат корупцијата во земјава, двојазичноста си го направи своето.

Но најнова вест која протече низ медиумите е дека Владата вчера кога ја одржа 117. седница, а на неа, како што информираа од владината прес-служба, членовите на Владата кои се припадници на албанската заедница говореле на својот мајчин јазик согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците. Дури се очекува и според најавата на Талат Џафери дека од крајот на месецот ќе започне пленарните седници да ги води на албански јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This