ДВОЈНИ СТАНДАРДИ: Владата ги обвинува сиромашните за загадувањето, а ја укинува акцизата за увоз на кокс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две години од доаѓањето на власт, актуелните владејачки партии не покажаа никаква политичка волја за системско решение на еден од најсериозните проблеми, само за да ги заштитат крупните бизниси кои непосредно профитираат од енормно загадениот воздух, обвинува Левица.

Од партијата потсетуваат дека додека владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ главниот проблем за загаденоста го лоцира во сиромашните граѓани и маргинализирани групи кои живеат во супстандардни услови, индустрискиот гигант „Усје” само во јануари увезол 291 камион јаглен кокс.

Токму коксот претставува енергенс кој се третира како најштетно гориво (поштетен и од мазутот) и во неколку земји целосно е забранета неговата употреба. Откако бизнис-лобито бурно реагираше дека воведената акциза за кокс драстично го намалува нивниот екстра профит, оваа Влада предводена од интересите на крупниот капитал, целосно ја либерализира неговата употреба со најавениот нов Закон за акцизи. Популистичките мерки како електрични тротинети претставуваат одраз на целосната неспобност и немањето интерес власта да го заштити животот на обичниот граѓанин, со оглед на фактот дека загадениот воздух во Македонија одзема дури четири животи месечно, пишува во соопшението на Левица.

Политичката партија Левица секогаш ќе се спротиставува на алчните интереси за богатење на бизнис елитите, со јасна визија дека човековиот живот (а не профитот) претставува највисока вредност во општеството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This