April 30, 2024, 10:43 am

Дебарскиот оперативен штаб оцени дека се е подготвено за почеток на наставата со физичко присуство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дебарскиот општински оперативен штаб за справување со пандемијата, на денешната попладневна средба ја разгледа епидемиолошката состојба во општината и подготвеноста на училиштата пред почетокот на новата учебна година.
-На средбата ја анализиравме епидемиолошката состојба со пандемијата „Ковид-19“. Од претставниците на надлежните здравствени установи бевме информирани дека моментно во изолација во двете општини, Дебар и Центар Жупа, има 150 лица, 38 болнички се третираат во Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде амбулантски се лекуваат други 25, додека седум пациенти се на лекување во здравствени установи во Скопје, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој воедно раководи со штабот.
Додаде дека детално е разгледана и состојбата во врска со подготовката на училиштата, при што е оценето дека во трите основни и средното училиште запазени се сите протоколи и оти наставата може да се одвива со физичко присуство на учениците.
-Едногласно беше одлучено наставата во средното општинско училиште „28 Ноември“ да се одвива според одлуката на Владата на РСМ, строго спроведувајќи ги превентивните мерки според протоколот. Истото се однесува и за трите основни и нивните подрачни училишта, каде настава ќе следат околу две илјади основци, посочува тој.
Дука, кој по занимање е лекар специјалист уролог, упатува апел до своите сограѓани за строго почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот и што помасовно да се пријават за имунизација, како единствен начин за заштита.
Дека наставата во дебарската гимназија ќе почне со физичко присуство, на својот профил на Фејсбук објави и директорот Рамадан Имери.
-Почитувани граѓани, драги ученици според одлуката на МОН и општинскиот оперативен штаб-Дебар наставата во новата 2021/2022 учебна година, во СОУ „28 Ноември“ ќе почне со физичко присуство. Со почит, стои во објавата на Имери.
Во гимназијата во Дебар и истурените паралелки во село Могорче настава, на македонски и албански јазик, ќе следат околу 630 ученици, од нив над 130 во прва година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This