Царовска задоволна од имплементацијата на Концепцијата за основно образование

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование и наука, Мила Царовска е задоволна од спроведувањето на новата Концепција за основно образование, која почна да се применува од почетокот на учебната 2021/22 година во прво и во четврто одделение, според нови наставни програми изработени од Бирото за развој на образованието (БРО).

Како министерка, јас сум задоволна од имплементацијата на Концепцијата за основно образование. Задоволството го гледам и кај наставниците. Пред два дена имав фокус-група со наставници од четврто одделение, пред една недела со наставниците од прво одделение и се гледа дека задоволството е големо и од учебниците, и од програмите и од поддршката којашто ја добиваат, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Таа соопшти дека на 25 декември треба да добие извештај од советниците на БРО кои на терен ја следат работата на наставниците и нагласи дека МОН ќе продолжи со поддршката за сите кои предаваат по новите наставни програми.

Ништо не завршува со донесување на концепцијата, туку напротив, почнува еден нов реформиран систем на основно образование кој очекувам да ги даде првите резултати за пет години, а вистинските резултати како сме ги подготвиле учениците ќе ги видиме по завршување на нивното средно и понатаму со запишување и завршување на високо образование. Затоа што недостатоците од основното образование ги гледаме на сите нивоа. Недостига критичко мислење кај нашите ученици, поврзување на знаењата и квалитетот на знаењата што го добивале низ годините. Но, оваа иницијатива и овој почеток ќе значат понатаму подобро образовано население, рече Царовска.

Концепцијата за основно образование беше донесена во март оваа година и почна да се спроведува од септември со нови наставни програми во прво и четврто одделение. Планот на МОН е да се имплементира етапно и за пет години да го опфати целото деветгодишно основно образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This