Tензиите растат: Европскиот парламент усвои резолуција за Украина и најави остpи caнkции кон Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На пленарната седница пратениците на Европскиот парламент со мнозинство гласови ја усвоија резолуцијата за ситуацијата на границите на Украина, повикувајќи ја Европската унија да се подготви за воведување остри санкции против Русија во случај на ескалација.
Според резултатите, за резолуцијата гласале 548 пратеници, против биле 69 пратеници, а 54 биле воздржани.
Во одобрената резолуција на ЕП, меѓу другото, се повикува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, да се погрижи Советот на ЕУ да биде информиран за активностите на Русија.
Во резолуцијата се наведува дека Советот на ЕУ мора да биде подготвен брзо да ги координира понатамошните заеднички чекори, кои, меѓу другото, се однесуваат на усвојување на строги економски и финансиски санкции , во тесна координација со Соединетите Држави и земјите од НАТО, како и други партнери. Парламентарците, исто така, веруваат дека е важно ЕУ да ги координира своите потези со Киев.

Санкциите во случај на ескалација во Украина, според европратениците, мора да вклучуваат и проширување на списокот на физички лица кои ќе бидат предмет на замрзнување на целиот имот во ЕУ и забрана за патување.
Дополнително, се предлага да се исклучи Русија од системот за плаќање SWIFT, што ќе доведе до исклучување на руските компании од меѓународниот финансиски пазар. Беше нагласено дека е неопходно ваквите мерки да влијаат на важните сектори на руската економија.
Во резолуцијата се истакнува дека првиот итен чекор во случај на руска агресија во Украина треба да биде укинување на патувањето и безвизниот режим за сите оние кои имаат руски дипломатски пасоши, со исклучок на акредитираните дипломати.
Пратениците, исто така, уште еднаш ја повикаа ЕУ да преземе мерки за намалување на зависноста на Европа од руските енергетски ресурси, да се воздржи од започнување на проектот Северен тек 2 и да воведе глобален режим на санкции за корупциски злосторства.
Претходно, шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, пред пратениците во Европскиот парламент изјави дека Европската унија е подготвена да соработува со партнерите, вклучително и САД, во проширувањето на санкциите против Русија во случај ситуацијата во Украина да ескалира.
Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на руските „агресивни дејствија“ во близина на границите на Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа никому не се заканува и никого не треба да загрижува. Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси. Во Русија, овие обвинувања беа постојано демантирани , нагласувајќи дека тие најчесто се користат како изговор за да се донесат повеќе сили и опрема на НАТО на границите на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This