ДЕДО МРАЗ НА САНКИ ЗА ПЕТ МИНУТИ ЈА ПРЕЛЕТА МАКЕДОНИЈА: Во Македонија влезе во 20.04 часот кај Дојран, ги прелета Струмица, Виница, Берово, Пехчево и Делчево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дедо Мраз во четвртокот на 24 декември леташе цел ден ширум светот разнесувајќи подароци за Божиќ и Нова годинa и вечерта ја надлета и Македонија.

Летот „Дедо Мраз 1“ со регистрација „ХОХОХО“ и тип на авион „санка“ од Северниот пол и обратно можеше да се следи на онлајн сервисот за следење воздушен сообраќај во живо „ФлајтРајдар24“, а лесно се разликува од останатите летови, бидејќи е обележан со четири санки.

„Дедо Мраз 1“ лета многу побрзо од останатите авиони на небото за да може неколку пати да се врати на Северниот пол и да земе што е можно повеќе подароци.

Во Македонија влезе во 20.04 часот кај Дојран, ги прелета Струмица, Виница, Берово, Пехчево и Делчево, пред да го напушти македонскиот воздушен простор во 20.09 часот.

Санките на Дедо Мраз над Струмица се сретнаа со авион А320 на Бритиш ервејз на редовна линија од Ларнака на Кипар за лондонскиот аеродром Хитроу, кој леташе само 600 метри пониско.

Санките на Дедо Мраз цел ден летаа на височина од 11.500 метри над земјата. Според податоците на флајтрадар24 санките се произведени пред 1.750 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This