Како проевропскиот Заев пропуштил да искористи 130 милиони евра за развој на Македонија??

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата среде криза ја оставила Македонија  без 130 милиони евра од европските фондови, кои во ваков период можеа да огромна помош за државата и граѓаните. Ваквата вест предизвика гнев во македонското општество, но и зачуденост затоа што истата ја дознавме не од владата туку од странските медиуми.

Имено, дека владата на СДСМ пропуштила да искористи 130 милиони евра од ЕУ-фондовите дознавме од бугарската министерка за надворешните работи Екатерина Захариева. Таа во интервјуто за германскиот весник ВЕЛТ, негодувајќи зошто Македонија не работи ништо за реализирање на коридорот 8, откри дека македонската влада ниту ги побарала овие пари, а ниту предложила инфраструктурни проекти.

– Срамота е што, како соседни земји, ние дури и немаме железничка врска меѓу нас. Во исто време, ние сме на трасата на „Паневропскиот транспортен коридор 8“ – коридор на НАТО што треба да ги поврзе Албанија, Македонија и Бугарија. Има огромно доцнење. Ова го утврди не само Бугарија, туку и меѓународните институции кои го финансираат проектот. Македонија загуби 130 милиони евра во европско финансирање. За новиот период на програмирање, Република Македонија не предложи никакви инфраструктурни проекти исток-запад за финансирање од претпристапните фондови – рече Захариева во интервјуто.

И не е прв пат за важни работи кои владата ги крие од македонските граѓани да дознаваме од странство. Претходно од Австрија дознавме за бугарскиот Меморандум, кој премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Никола Димитров го криеја од јавноста.

Но, зачудувачки е како владата не аплицирала за пари кои можеле да се вложат во инфраструктурни проекти и развој на државата.  Додека постојано власта зборува како е важно Европа да ја донесеме дома, мислејќи на подобрување на условите во државата и како е важно да ги градиме врските со соседите, сепак во пракса е спротивното.  Во реалноста владата не мрда со прст во инфраструктурата, дури и кога парите ни ги нуди Европската Унија кон која се стремиме како држава.
Доколку владата аплицираше со проекти и ги земеше овие огромни 130 милиони евра ќе можеше да се реализираат голем број на капитални проекти како патишта, железница,  но и други проекти кои во овие тешки времиња ќе можеа да дадат сериозен придонес во ублажување на последиците предизвикани од кризата, ќе се отвореа работни места, но и ќе се подобреа врските за увоз и извоз со соседите, а со тоа подобра клима за бизнис секторот во Македонија.

Се што беше потребно е да аплицираат со проекти, но и тоа ги мрзеше да го направат, како што ги мрзи три години да работат на капиталните проекти чија реализација е на најниско ниво последните три години. И додека Европа не ја вадат од уста, очигледно дека не сакаат да бидат како Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This