ДЕДО ШВЕРЦУВАЛ ПОЛА КИЛОГРАМ КОКАИН: На Табановце фатен дедо од Гостивар со пола килограм кокаин!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи по спроведена истрага спречи меѓународен транспорт на наркотична дрога кокаин во вкупна тежина од 580 грама, при што од слобода е лишен М.А.(73) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Од страна на судија на претходна постапка по поднесената кривична пријава на осомничениот определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

kokain_dedo4
Инаку по преземените мерки и активности утвдено е дека пријавениот, од засега непознато лице-албански државјанин преземал наркотична дрога кокаин со намера истата да ја транспортира и предаде на лице во Австрија, со што би се стекнал со против правна имотна корист од 700 евра. Во периодот од 12-ти до 18-ти месецов М.А. остварил средба со лицето во Гостивар, при што му била предадена патничка торба-црна боја во кој била сместена наркотичната дрога кокаин и 350 евра, а останатите 350 евра требало да му бидат дадени од лицето во Виена, по успешниот меѓународен транспорт.
kokain_dedo2

На 20.08.2016 година на ГП Табановце на излез од Р.Македонија во автобус со охридски регистарски ознаки кој сообраќал на линија Струга-Виена, од страна на полициски службеници и царински службеници од Царинската Управа на РМ, автобусот е селектиран за детална контрола и при претрес пронајдена е патничката торба на седиштето до пријавениот и во неа пронајдено е полиетиленско пакување со прашкаста материја, за што по извршени прирачни тестови утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин.
kokain_dedo

Пронајдената прашкаста материја е доставена до Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење, при што од извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин во количина од 580 грама.

kokain_dedo3

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This