ДЕЛЕВ:Што кријат Заев и Тевдовски од македонските граѓани?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неспособната влада на СДС со расипничката економска политика која ја води, заедно со енормното задолжување во периодот од неколку месеци, ја турка државата кон банкрот. Владата прекумерно се задолжува без притоа да им објасни на граѓаните каде одат нивните пари, обвинува Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДС во изминатиов период од 90 дена се задолжи за енормни 145 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи цели 177 милиони евра, тоа е над 320 милиони евра за кои никој не знае кај завршиле. Владата задолжи огромни суми на пари пред избори, без граѓаните да знаат за што ги задолжила нивната влада. Граѓаните мора да знаат на што точно овие пари ќе бидат потрошени. Владата крие колку пари од буџетот троши и го крши Изборниот законик, оставајќи сомнеж и простор за предизборна корупција и поткупување на гласачи. Министерството за финансии има законска обврска од денот на распишување на изборите до нивно завршување на интернет страницата на министерството да ги објавува сите буџетски трошења.  Министерството за финансии веќе 5 дена нема објавено извештај за дневни трошења од буџетот и со тоа директно го крши член 8-а, ст.3 од Изборниот Законик, кој гласи: Од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовни плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страната во посебна база за буџетски трошоци во изборниот период, истакна Делев.

Тој потенцира дека  Заев и Тевдовски грубо го кршат законот.

-Што кријат Заев и Тевдовски од македонските граѓани? Последната објава на Министерството за финансии е од 24-ти август. Според податоците за само 14 од распишување на изборите, Заев и неговиот министер за задолжување Тевдовски, истрошиле 20 милиони евра во ставката стоки и услуги. Тоа се 20 милиони евра истрошени на хирови, набавка на мебел, цвеќиња и разни договори со кои се задоволуваат апетитите на платените револуционери. Владата остава сомнеж дека со парите на граѓаните прави предизборна корупција. СДС не смее со парите на граѓаните да купува гласови за да може да ги реализира своите антидржавни и антинационални политики на штета на државата.Буџетот не е приватна сметка на некоја од фирмите на Заев, па со него да може да управува како сака. Буџетот се полни со пари на граѓаните и истиот треба да биде трошен на начин најдобар за граѓаните и државата, а не далеку од нивните очи без да знаат на што се трошат нивните пари, но и парите кои државата ги задолжила во нивно име. За ваквата неодговорност и расипничко однесување граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври, заклучува тој.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This