Делта сојот и во Грција, досега регистрирани 54 заболени со опacната мyтaција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 54 се зголеми бројот на регистрирани случаи на Делта сојот во Грција, откако Националната организација за јавно здравје во денешниот, седмичен извештај за мутациите, соопшти дека се потврдени 25 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 се од Алфа сојот, 25 се Делта и шест Бета, додека пак 340 се под мониторинг.

Во Грција, преовладува Алфа варијантата со 13.560 потврдени случаи (81,7 отсто од вкупниот број мутации), потоа е Бета со 101 случај, Делта со вкупно 54, Ета со десет (од кои два нови), Гама со два случаи и еден случај на Капа.

Од 54-те случаи на Делта мутацијата, првпат откриена во Индија, повеќе од половина, односно 30 се во градот Ираклио на островот Крит, а од кои 14 се поврзани по проверката на контактите на веќе познат случај.

Останатите 24 позитивни случаи се во различни делови на Грција: осум во поширокиот регион на Атина, пет во Солун, четири на островот Лезбос, два на островот Парос и по еден на Халкидки, во Коринт, во областите Евија и Ахаија и на атинскиот аеродром. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This