ДЕМЕК, ДА „ПУКНЕЛЕ ОД МАКА“: Референдум ќе се одржи на 30 септември, макар и без ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев верува дека до 30 јули Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот, кој, како што изјави денеска во одговор на новинарско прашање, ќе го организираат и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор за што во тек се разговори на парламентарно ниво.

© AP Photo/ Darko Vojinovic

Во случај да не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ очекува соодветно позиционирање на нивните пратеници за одлуките за распишување на референдумот, но и пред јавноста. Тие, според Заев, мора да кажат кој им е ставот, дали ќе бидат за бојкот, тивок бојкот, за повик за референдум, а да гласаат против, ќе бидат за повик, а граѓаните слободно да одлучуваат. Тоа е нивно право, но должност на сите е да обезбедат процесот да биде успешен, изјави Заев, по старот на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет” во Бунарџик.

Прнесувајќи детали од разговорите наведе дека е договорено датумот за референдумот да биде колку што е можно порано заради тоа што при успешен референдум, би следувале уставни промени за кои се потребни меѓу 100 и 120 дена за до крај на јаунари и февруари Грција да го ратификува договорот.

– Заедно утврдивме тоа да биде колку што може порано дури го спомнавме и датумот 30 септември. Тоа значи дека до 30 јули сега треба Парламентот да донесе одлука. Не сакам да навлегувам во ингеренциите и надлежностите на Парламентот, но верувам дека ќе се стаса ако се успее сите процеси да се придвижат и ако навистина Парламентот биде посветен, за да завршиме порано заради државните интереси, изјави Заев посочувајќи дека и покрај можноста да се додаде една или две недели, посакува 30 јули да биде датумот за одлука на Парламентот за да може да има референдум на 30 септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This