ДЕМОКРАТИТЕ СЕ ОБЕДИНУВААТ: Обама и официјално го поддржа Бајден во трката за претседател на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјалната поддршка на веројатно најпопуларниот американски политичар е последната што ја поттикна кампањата на Бајден и дополнителен знак дека лидерите на демократите се обединуваат зад еден кандидат пред изборите во ноември.

„Џо има карактер и искуство да нè води низ едно од нашите најтемни времиња и да не излекува за време на долгото закрепнување“, рече Обама во 12-минутното видео снимено во неговиот дом во Вашингтон.

„Верувам дека Џо ги има сите квалитети што сега ни се потребни од претседателот“, додаде Обама, заклучувајќи дека одлуката од 2008 година да го избере Бајден за заменик претседател била меѓу „најдобрите што досега ги направил“.

77-годишниот Бајден е единствениот преостанат кандидат на Демократите што се кандидира за противкандидат на претседателот Доналд Трамп, откако неговиот последен противник, Берни Сандерс, се повлече од трката минатата недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This