Денеска гласаа затворениците од Идризoво, право на глас имаат 1657 затвореници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Половина од зaтворениците од најголемиот зaтвор во земјава Идризово денеска гласаа на десттите по ред, а петти предвремени парламентарни избори 2020 година.

Од избирачкиот одбор констатираа дека гласањето денеска помина во вообичаена атмосфера а зaтворенците максимално ги почитувале изборните правила. Тие пак, заедно со членовите на одборот, затворската полиција но и партиските набљудувачи се прилагодија на новата реалност поврзана со пандемијата на коронавирусот. Она што можеби им преставувашe тешкотија на членовите на изборачкиот одбор е фактот што секој затвореник доаѓа од различна општина.

А имаше такви кои во меѓу време од различни причини го напуштиле затворот па сега пак се враќаат. Некои од нив гласаа, некои од нив ги немаше во Избирачкиот список а некои пак воопшто не гласаа затоа што воопшто и не се пријавиле да го остварат ова свое право.

Од Управата на затворот Идризово велат дека пред секои избори на затворениците им се држат презентации за тоа кој има право на глас и како да го оствари истото.

Неколку дена пред изборите се вршат подготовки за самиот денот на гласње. Секој затвореник има таканаречена домска легитимација и тие истата ја проверуваат. Затворениците, ако ги има на Избирачкиот список имаат право наместо со други документи за лична идентификација да гласаат со овие домски легитимации.“ – изјави КПУ „Идризово“.
По затворањето на ова избирачко место, гласачките ливчиња во пликоа ќе бидат испратени во општинските изборни комисии, во градовите или селата каде што живеат затворениците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This