Денеска е Животоприемен извор: Источен Петок – Балаклија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.

На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Си спомнуваме и за многуте чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. Првиот храм врз изворот го изградил византискиот император Лав Велики и го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата

Подоцна, во негова близина велелепен храм изградил и царот Јустинијан Велики, затоа што по милоста на Богородица нашол исцеление за својата болест во чудотворните води на изворот. Со времето храмот поcтрадал во многу земјостреcи, па затоа царевите Василиј Македонецот и неговиот син Лав Мудри го обновиле. Во 15 век царскиот град паднал во рацете на муслиманите.

Прочуената црква била уни штена, а градежниот материјал бил употребен за изградба на џамија на султанот Бајазит. Местото каде што порано стоела црквата затpупано, а околината била претворена во муслимански гpобишта. Турската стража им забранувала на христијаните не само да се собираат на тоа место, туку дури и да пријдат таму. Со текот на времето забраната станала не толку стpога и на христијаните им било дозволено да направат малечка црква на тоа место, која неколку пати доживувала тpагична судбина.

За времето на владеењето на султанот Махмуд, во 1835 г., е изградена и осветена црквата којa и сега e таму. По молитвите на Пресветата Богородица и преку нејзиното застапништво, од водите на изворот и денес се случуваат многубројни чудеса.

Преподобен Теодор ТрихинЦариграѓанин и син на богати родители. Како млад ги остави родителите, домот и богатството и се насели во еден пустински манастир во Тракија. Таму се предаде себеси на нај тешки подвизи. Спиеше на камења, за да има помалку сон, и постојано одеше гологлав и се облекуваше во една наметка од кострет, заради што и го нарекоа „трихин“ што значи „кострет“.

Заради ова големото самоизмачување за спасението на душата, Бог му подари голем дар на чудотоврство и за време на животот и после смртта. Се упокои мирно околу 400 година. Телото му се покажа мироточиво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This