April 30, 2024, 11:13 am

Денеска е спомен на Чудото на светата великомаченичка Ефимија:Нејзините мошти помaгаат на болн ите и безволните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МПЦ го одбележува споменот на чудото на великома ченичката Етимија со кое се утврди Православието …

Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога постр ада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по см ртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На овој Собор највидна улога играа цариградскиот патријарх Анатолиј и јерусалимскиот патријарх Јувеналиј.

Бидејќи со препирања и докажувања од две спротивни страни не може да се дојде до никакво одредено решение, патријархот Анатолиј предложи и православните и еретиците да го напишат своето исповедање, па да ги положат во ко вчегот со моштите на Света Ефимија. Со ова се согласија сите.

Двете вероисповедања, значи, беа напишани и ставени на градите на великома ченичката, ко вчегот беше затво рен и запечатен со царски печат и уште беше поставена војничка стр ажа. Тогаш сите поминаа три дена во пост и во молитва. Четвртиот ден, кога го отворија гр обот, го видоа православното исповедање во десната рака на светителката, а ерети чкото под нејзините нозе. Така спорот се реши со Божја си ла во корист на Православието.

Во времето на царот Ираклиј моштите на света Ефимија беа пренесени од Халкидон во Цариград, во црквата што ѝ е посветена, близу хиподромот. Иконоборниот цар Лав Исавријанин нареди и ги фр лија моштите во морето; но на чудесен начин ко вчегот беше пренесен на островот Лимнос и положен во црквата на Светата маченичка Гликерија. Дури во времето на царицата Ирина ко вчегот со моштите беше повторно вратен во Цариград на своето старо место. Од овие мошти одвреме-навреме течеше кр в, којашто им помагаше на бо лните и на нево лните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This