April 28, 2024, 12:07 pm

ДЕНЕСКА Е ТОМИНА НЕДЕЛА ИЛИ МАЛ ВЕЛИГДЕН:Не биди неверлив, но верлив!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната  како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

 

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорл и рекол:„Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This