ДЕНЕСКА СЕ СЛАВАТ ПРЕПОДОБНИТЕ КСЕНОФОНТ И МАРИЈА И НИВНИТЕ СИНОВИ ЈОВАН И АРКАДИЈ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден православните верници го одбележуваат споменот на Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј, Преподобен Симеон Ветхи и на Свети Давид, цар Грузиски (1089 г. – 1130 г.).

Житие за Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј.

Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут); но се случи бура го потопи коработ. По Божја Промисла Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека потонал. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири. После две години нивните ужалени родители појдоа во Ерусалим на поклонение на светостите. Таму со помош на проѕорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија. Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние што веруваат во Него; како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во многу поголема радост. Живееја и се упокоија во Господ во 10 век.

Преподобен Симеон Ветхи

Другар и пријател на Св. Паладиј. Од рана младост па до cмpттa се подвизуваше во една пештера. Основа два манастири и се упокои во Господ во 390 година. Ветхи, т.е. Стар се нарекува за разлика од Св. Симеон Столпник, којшто се подвизуваше нешто подоцна од него.

Свети Давид, цар грузијски (1089-1130)

Ја обнови и ја засили Грузија како држава. Како голем верник и поддржувач на христијанската вера направил многу нови храмови во Грузија и старите ги обновил. Се смета за препородител на верата на православните во Грузија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This