ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПОЈАСНО: ЌЕ ИМА ЛИ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извесно е дека денеска ќе можеме да очекуваме многу појсна слика околу тоа дали ќе се одржат вонредните парламентарни избори на 12 април или тие ќе бидат одложени поради состојбата со коронавирусот.

Државната изборна Комисија вчера преку медиумите побара да се преиспита одлуката за одржување на изборите на определениот датум. Оттаму прашуваат дали на партиите им е поважно здравјето на граѓните или изборното соочување. Од ДИК очекуваат дека оваа тема сериозно ќе се разгледа на денешната седница на Советот за безбедност, која ќе се одржи кај шефот на државата Стево Пендаровски, а каде главна тема ќе биде ширењето на коронавирусот и понатамошните чекори на надлежните институции.

Во Советот за безбедност учествуваат, покрај претседателот на државата, и премиерот, како и министрите за здравство, за внатрешни, за надворешни работи и за одбрана, претседателот на Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата, како и експерти по избор на шефот на државата.

Во зависност од исходот на денешната седница, не се исклучува можноста во скоро време Пендаровски да свика нова лидерска средба на која евентуално би се разговарало за пролонгирање на изборите. Ова дотолку повеќе што вчера ДИК недвосмислено побара уште еднаш да се разгледа одлуката дали на 12 април да се одржат изборите, а за тоа оттаму приложија и многу сериозни аргументи.

Според првиот човек на Комисијата, Оливер Деркоски, кој не е поканет на денешната седница на Советот, здравјето на граѓаните е најважно, а за се друго има време.

Од ДИК информираа дека во овој момент се намалени нивните активности, и се прават сите напори поголемиот дел од обврските да се завршуваат по електронски пат. Но, како што предупредија, во нивните простории понекогаш, поради организација на изборите, дневно се собираат и по 200 до 300 луѓе, а во претходниве денови таму биле и членовите од општинските изборни комисии од Дебар и Центар Жупа, каде што сега е воведена кризна состојба. Дерковски се надева дека денеска ќе се донесат разумни одлуки со студена глава. И другите членови на ДИК се согласуваат дека изборните дејствија се многу комплексни и опфаќаат повеќе илјади луѓе па тие, можно е на денот на изборите да останат сами.

Оливер Спасовски, технички премиер и потпретседател на СДСМ, прашан дали е можно одложување на изборите, рече дека посакува во овој момент да ги изненадат граѓаните со лидерство и една државничка поставеност.

„Интересот на државата и граѓаните ни е најважен во овој момент. Не можам да прифатам политичко профитерство во овој период. Сега не е време на правење профит во економијата, во политиката и во новинарството“, изјави Спасовски.Тој посочи дека ако некој од политичките лидери покаже дека сака да добие политички поени од оваа ситуација, тогаш тоа ќе биде за секаква осуда.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера за медумите ијавија дека за нив изборите не се приоритет, туку здравјето на граѓаните, како и прашањето како би се надминала потенцијалната голема економска криза што би ја предизвикал коронавирусот.

Од СДСМ, пак, нагласиле дека состојбата се следи, и ќе се чекаат препораките на надлежните институции, а сите одлуки ќе се носат водејки се од она што е најважно, а тоа е здравјето на граѓаните.
Се проценува дека доколку изборите се одложат, првиот следен термин би бил септември или октомври, што се совпаѓа со редовниот тајминг за одржување. Ова од причина што, се уште е неизвесно каква разврска во идниот период ќе има со коронавирусот. И, второ, што летниот период вообичаено не е препорачлив за гласање, бидејќи одзивот сигурно би бил помал.

Доколку изборите се одложат, мандатот на пратениците кои сега се веќе распуштени, би траел до изборот на нов парламентарен состав. Ако има потреба, Собранието ќе биде вонредно свикано.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This