ДЕНЕС ВО СОБРАНИЕТО ВЛЕГУВААТ НОВИТЕ МИНИСТРИ: Заев треба да ги достави до Собранието предлозите за новите министри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев денес треба да ги достави до Собранието предлозите за новите министри.

Тој завчера на прес-конференција рече дека во петок до Парламентот ќе го достави предлогот на реконструираниот кабинет.

Имињата на новите, или изpотираните министри, сè уште не се познати.

До официјалното доставување на имињата од страна на премиерот Зоран Заев не можеме да кажеме дали на листата ќе има и заменици-министри, бидејќи премиерот сè уште е во консултации со лидерите на политичките партии кои се дел од владејачкото мнозинство – изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Новата влада се очекува да биде изгласана на почеток од следната недела. Според најавите на Заев, тоа најверојатно би било во вторник, иако седница на Собранието е закажана и за понеделник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This