ДЕНЕС ВО СОБРАНИЕТО ЌЕ СЕ ОДДРЖИ КООРДИНАЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖЕНИЕ НА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во македонското Собрание денеска напладне треба да се одржи координативна средба на претставници на парламентарните групи на која треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата како предуслов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница.

Sobranie-na-RM-02-Custom

Како што информира во петокот претседавачот со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав Трајко Вељаноски, средбата е закажана согласно консултациите со овластени претставници на парламентарните партии, а по иницијативата поднесена од СДСМ поткрепена со потписите на 67 пратеници за продолжување на Конститутивната седница.

Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на Конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Парламентот.

Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.

Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This