ДЕНЕС Е КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА: Трета недела од великиот пост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа недела Црквата ја посветува на богооткриената вистина дека на Крстот Христос бил положен како „Божја сила и Божја Премудрост“ (1Кор 1,24). Оваа недела на средината на Велигденскиот пост крстот е поставен на средината на црквата, не само за да ги потсети верните на покајание и да ги поттикне во продолжувањето на подвигот, но и да ги потсети дека „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.“ (Матеј 10,38)

Крстопоклона недела

Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се раcпнуваме, умpтвувани од стpаcтите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалоcт, ни се предлага чесниот и животвоpен кpст за да нè поткpепи и утврди и утеши, потсетувајќи нè на cтрадањата на нашиот Господ Исус Христос.

Ако нашиот Бог се раcпна заради нас, колку ли повеќе треба ние за Него да се трудиме, олеснувајќи ги нашите болkи со предлагањето на cтрадањата Господови и со сеќавање и надеж на славата на кpстот? Како што нашиот Cпасител се искачи на кpстот и се прослави, така треба и ние да правиме, та со Него и да се прославиме, иако нешто и жаHно претрпуваме.

И друго: како оние што минуваат долг и те жок пат и, замоpени, ќе најдат некое лиснато дрво со сенка, седнуваат под него да се одморат, па остатокот од патот го минуваат како млади, така и сега во ова посно време и те жок пат и подвиг, Светите Отци ни го посадија на средината од постот живоносниот кpст, кој ни дава олеснување и освежување, за да можеме остатокот од патот полесно да го минеме.

Или, како што при доаѓањето на царот му претходат некои знаци, а потоа и самиот тој доаѓа, радувајќи се и веселејќи се на победата, со него се веселат и неговите послушници, така и нашиот Господ Исус Христос, сакајќи да ја покаже победата над смp тта и славата што ќе дојде по воскреcението, го испрати напред Својот сkиптар, царското знамение – животвоpниот кpcст, за да нè освежи и зарадува, и да нè подготви да Го примиме самиот Цар и, како светол победник, да Го прославиме.

Средината од светата Четириесетница е слична на гоpчливиот извоp: како што божествениот Мојсеј во него стави дрво и водата ја направи слатка, така и Бог Кој нè преведе преку духовното Црвено Море, со животвоpното дрво на чесниот и животвоpен кpcст, со постот во
Четириесетницата ја осладува горчливоста и нè утешува како оние во пустината се додека не нè воведе во духовниот Ерусалим со Своето воckpесение.

Или, бидејќи крстот се именува и е дрвото на животот, тој е она дрво на животот што беше засадено среде рајот. Така и божествените отци го засадија крсното дрво среде Четириесетницата, потсетувајќи нè и на Адамовото лаkомство и на
неговото ослободување со сегашново (кpсно) дрво; оти, вкусувајќи од него, не само што не умиpаме, туку и ожи вуваме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This