ДЕНЕС Е НЕДЕЛА НА ОТЦИТЕ НА ШЕСТЕ ВСЕЛЕНСКИ СОБОРИ: Светите маченици Кирик и Јулита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маче ници Кирик и Јулита

Светителката беше од благороден род. Рано остана вд овица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крс ти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст.

Кога Диоклецијан нареди да се гонат христијаните, невина к рв беше про леана во градот Иконија во изобилство. Јулита го зеде својот син и се засолни од гн евот на незнабошците во градот Селевкија. Но, ни таму не беше подобро. Ја фатија како христијанка и ја изведоа на суд.

Откако таа ја изјави хра бро својата вера во Господ Исус, судијата, за да ја нажали и пок олеба, го зеде детето на своите раце и почна да го милува. Но Кирик викаше на сиот глас: „Пушти ме кај мајка ми, јас сум христијанин!“ И почна да го г ребе судијата со рачињата, одвраќајќи го своето лице од него. Судијата се разже сти, го тре сна детето од земја, го ту рна со ногата, а тоа се стркала по камените скали и Му ја предаде својата света душа на Господ.

Кога виде како Кирик пост рада пред неа, света Јулита радосно Му заблагодари на Бога Којшто и синот ѝ го удостои со мачен ички венец. По многу маки беше уби ена со ме ч, во 304 година. Моштите на светите Кирик и Јулита до денешен ден се чудотворни. Дел од нив се наоѓа во Охрид, во црквата на Пресвета Богородица Болничка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This