Денес е спомен на Света Марија Магдалена – Таа прва го видела воскреснатиот Исус: Што треба да знаат жените и како да постапуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа.

Православната црква и верниците на 4 август го одбележуваат празникот посветен на Марија Магдалена.

Блага или Блажена Марија во православниот календар не е одбележана со „црвени букви” тој ден како и Огнена Марија, Св. Петка и ништо не се работи по дома и во поле.

Овој ден всушност е спомен на Марија Магдалена. Во својата младост била гpешница но Исус ја избавил од гpевови. Подоцна станала негова ученичка, го следела и ги слушала неговите проповеди. После воск реснувањето на Христос, таа станала проповедничка, починала мирно во длабока старост.

Народот ја слави како блажена а нејзиниот ден се нарекува „благ”.

Како и во деновите на Огнена Марија и Трнова Петка, на празникот на Блажена Марија домаќинките треба да одмораат. Народот верува дека не е добро било што да се работи по дома и во поле, за светицата да не се навреди.

Од друга страна, верува во добри и чесни жени, кои живеат чесно и честит живот, секогаш, особено на денешен ден, имаат заштита од оваа Блага Марија. Народот верува, ако на нејзиниот празник, жените одат во црква, да се помолат и запалат свеќа, можат да бараат исполнување на една желба и светителката секако нема да ги одбие.

Блага Марија, по народно верување, е сестра на Св. Илија. Затое се можни
временски неп рилики, гр мотевици и град бидејќи „братот и сестрата разговараат”.

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно ма чена од седум з ли дуохви, од кои ја ослободил Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот.

Стоела под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагувала го рко. По смр тта на Господа трипати го посетила Неговиот гроб. Кога Господ воск реснал, таа Го видела двапати: еднаш додека била сама, а вториот пат заедно со останатите жени Мироносици. Отпатувала во Рим, излегла пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздравила со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвинила Пилат за неправедната ос уда на Господа Исуса.

Кесарот го примил нејзиното обв инение и го преместил Пилат од Палестина во Галија, каде овој неправеден судија и завршил, во царска нем илост и во теш ка болест. Потоа од Рим се вратила во Ефес кај Св. Јован Богослов, на кого му помагала во делото на проповедањето на Евангелието.

Со огромна љубов кон воскр еснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше на светот Евангелието, како вистински Христов апостол. Се упокоила мирно во Ефес и според Преданието погр ебана е во истата пештера во која биле чудотворно успиени во стогодишен сон Седумте отроци, потоа оживеани, па повторно умрени (17. август). Моштите на Света Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм кој и е посветен на оваа светителка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This