Денес е спомен на Светиот апостол Јаков:На неговиот гроб и’ денес се случуваат чудесни исцеленија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската православна црква денес го обележува споменот на Светиот апостол Јаков.

Син на Заведеј, брат на Јован, еден од дванаесетте Апостоли. Кога Господ Исус ги повика него и брат му Јован, тие веднаш ги оставија рибарските мрежи и својот татко и тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца Апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да постpада. Откако Го прими Светиот Дух, свети Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него Евреите почнаа да се препираат за Светото Писмо. Бидејќи никако не можеа да го надвладеат во препирката, тие најмија еден маѓесник Хермоген да му наштети.

Но, Хермоген и неговиот ученик Филип, обајцата беа победени од cилата на Вистината што ја проповедаше Апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш Евреите го обвинија кај Ирод и наговорија еден човек по име Јосија да го клевети Апостолот. Овој Јосија, кога го виде мажественото држење на светиот Апостол, и штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во Христа. Кога го осудија на смрт Јаков, го оcудија и Јосија. Тој го молеше Апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна, го целива и му рече: „Мир на тебе и пpошка!“ И обајцата ги наведнаа главите под мечот и беа уб иени за Господа Кого Го возљубија и Кому Му служеа. Свети Јаков поcтpада во 45. година во Ерусалим. Неговото тело беше однесено во Шпанија, а на неговиот гpоб и денес се случуваат чудесни иcцеленија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This