Денес е спомен на Светиот пророк Агеј: Со овие обичаи откријте ја својата иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 декември.

Денеска е Св. Пророк Агеј.

Свети пророк Агеј е еден од т.н. 12 мали старозаветни пророци. Една негова книга е зачувана во канонот на Стариот завет. Се роди во шестиот век пред Христа, при крајот на вавилонското ропство на Евреите. Го доживеа и нивното враќање во Јудеја. Преку овој пророк Господ ги охрабруваше Евреите во изградбата на разурнатиот ерусалимски храм, објавувајќи им дека тој ќе биде пославен од првиот, зашто во него ќе се појави царот на светот, спасителот на сите народи.
Ѕидањето на Соломоновиот храм го охрабрило еврејскиот народ и му дало поттик за ослободување од ропството.

Според преданието празникот на Агеј е добар ден за гатање и прорекување на судбината – било со читање од дланка, гледање во грав, кафе или карти. Исто така се верува дека помошта ќе им дојде на сите кои искрено и од душа му се молат на овој свет Пророк: „Пророкот твор Агеј, во спомен на Господа го славиме, затоа те молиме, спаси ги нашите души!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This