Денес е спомен на Свети Лaв, епиckоп Катански

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 февруари.

Свети Лав, епископ Катански

Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува. Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар.

Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот и*горе, а свети Лав остана недопрен од огнот. Од ова сите што беа заведени од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето. По неговата см*т од неговите мошти потече исцелително миро. Се упокои во 8 век.
Кај нашиот народ денешниот светец се почитува бидејќи донесува здравје и среќа во секој дом на верник, а како што со огин ги прочистил неверниците, со пламен ги однесува сите невољи, болести и неволји. Поради тоа верувањето вели дека на денешен ден треба особено да се чувате од огинот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This