Денес е Упокоение на Свети Кирил Солунски, учител словенски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај.

Во почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Кирил на 27/14 фев. и на св. Методиј на 19/6 април.
Свети Кирил, учител словенски

Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима – Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекнал одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано примил презвитерски чин. Во Константинопол бил библиотекар на соборната црква и учител по философија.

 

Светиот Кирил со успех водел спорови со еретиците иконоборци. Стремејќи се кон осаменички живот, се повлекол на гората Олимп, во манастирот каде што игуман бил неговиот постар брат Методиј, но набргу потоа обајцата биле испратени од императорот Михаил на мисионерско патување заради проповедта на христијанството кај хазарите. Патувајќи, тие ги нашле моштите на свештеномаченикот Климент, папа Римски. Хазарскиот кнез бил убеден во проповедта на светиот Кирил, па тој и целиот негов народ го примиле христијанството.

Благодарниот кнез сакал богато да ги награди проповедниците, но тие одбиле да примат дарови, туку наместо тоа побарале тој да ги пушти сите заробени Грци, кои потоа заедно со нив се вратиле во Константинопол. Во 862 година, на барање на моравскиот кнез Ростислав, императорот ги испратил да го проповедаат христијанството во Моравија, на словенски јазик.

Светите Кирил и Методиј по Божјо откровение ја составиле словенската азбука (глаголицата) и ги превеле на словенски јазик Евангелието, Апостолот, Псалтирот и мноштво други богослужбени книги. Тие го вовеле служењето на словенски јазик. Светите браќа биле повикани во Рим од римскиот папа Адријан I, кој ги примил со голема почест, бидејќи тие ги донеле со себе моштите на светиот Климент Римски. Во Рим, по природа болежливиот и слаб, свети Кирил се разболел, и пред смртта примајќи монашка схима, се упокоил во 869 година, на 42 годишна возраст. Неговите мошти се во црквата на светиот Климент Римски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This