ДЕНЕС И УТРЕ: Мицкоски во работна посета на Виена и Будимпешта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. – др. Христијан Мицкоски денес и утре е на работно патување при што ќе оствари посета на Виена, Република Австрија и Будимпешта, Република Унгарија.

При краткиот престој во Виена ќе оствари средба од научен карактер, размена на искуства и информации поврзана со неговата професорска дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, додека со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Будимпешта ќе остварат средба со Унгарскиот Премиер, Виктор Орбан.

На средбата се очекува да разговараат за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на престојниот Конгрес на Европската Народна Партија и изборот на новото раководство. По средбата со Унгарскиот Премиер Орбан, претседателот Мицкоски и потпретседателот Николоски се враќаат во Скопје, каде на 2 август Илинден ќе предводат делегации по повод државниот празник. Претседателот Мицкоски ќе се обрати на народниот собир во Струшкото село Ташмаруниште, додека потпретседателот Николоски ќе предводи партиска делегација на прославата на Мечкин Камен во Крушево. Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе положи свежо цвеќе и на народниот собир и прослава на Пелинце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This