Денес многу топло: Temпературата до 40 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 39 степени.

Во петок и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This