ДЕНЕС ПРВАТА ПPECУДА ЗА PEKET: Напладне пpесуда за Кичеец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пресудата за Зоран Милески- Кичеец ќе биде објавена денес напладне, откако вчера на судењето за случајот „Рекет“ тој призна вина.

По неговото признание, доказите кои се однесуваа на него се издвојуваат од предметот и не се изведуваат пред судот.

-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината се докажа дека го сторил делото. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, рече Русковска, пред да се одлучи за казната.

Неговиот адвокат Александар Новаковски, истакна дека очекува условна казна за неговиот клиент.

-Се соочивме со ситуација во која обвинетиот кој како сведок можел да го избегне обвинението, но може од незнаење, се довел во ситуација да биде обвинет. Од тој момент истиот не бил соработник со обвинителството, иако се шпекулираше. Откако се донесе одлуката за обвинение, првата негова цел беше да каже сето она што го знае, рече Новаковски.

Инаку, Зоран Милевски рече дека го разбрал обвинението, доброволно признал и се чувствува виновен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This