Денес се одбира нов поглавар на ИВЗ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За функцијата поглавар на Исламската верска заедница кандидати се актуелниот в.д.поглавар Шаќир Фетаху и тетовскиот муфтија Ќани Несими. Од ИВЗ велат дека нема мешање во изборите од страна на партиите на Албанците и дека тие испратија само пораки со желба изборите да се одржат во фер и демократска атмосфера и да победи оној кандидат кој ќе ја добие довербата, пишува МКД.мк.

Денеска во 10.30 часот започнаа изборите во Исламската верска заедница (ИВЗ). Присутни се мнозинството од муфтиите. Ке се гласа за избор на Поглавар на Заедницата. За оваа највисока функција кандидирани се актуелниот вршител на должноста поглавар на ИВЗ Шаќир Фетаху и тетовскиот муфтија Ќани Несими. Во игра бил и еден оџа, но тој не ги ипсолнил условите за кандидирање.

Пред една недела беше донесена одлуката за формирање на Комисија за избор на нов поглавар, која брои 21 член.

Одлуката, како што велат за МКД.мк од ИВЗ, Комисијата ќе ја донесе со гласање, при што се одлучува со обично мнозинство, односно за победа се доволни 11 гласови.

Од ИВЗ негираат дека деновиве има мешање и интервенции од страна на политичките партии и велат дека напротив, од сите партии се испратени пораки со желба изборниот процес да биде демократски.

Во ИВЗ се убедени дека нема да има никакви проблеми и дека ќе победи оној кандидат за кој Комисијата ќе смета дека подобро ќе ги застапува интересите на ИВЗ во државата и за кој ќе процени дека ќе остварува подобра комуникација со верниците.

Не се очекуваат ниту проблеми од страна на поранешниот Реис, Сулејман Реџепи, за кого велат дека тој за ИВЗ е завршена приказна и дека неговите последни интервјуа за медиумите можат да се сместат во рубриката „хумористично”.

Во врска со партиските препукувања меѓу партиите на Албанците, велат дека тие не се насочени кон ИВЗ и изборите, туку се на меѓусебна релација.

–Поранешниот Реис Реџепи се изјасни дека е за ДУИ, што на ИВЗ и нанесе штета, оттаму сега има партиски соопштенија од албанската опозиција насочени кон ДУИ, како кон партија која, според тие изјави на Реџепи, настојувала да има контрола кон верниците. Но,во овој период по смената на Реџепи, во ИВЗ нема проблеми. Кога се работи тивко и посветено, тогаш и нема скандали, ниту материјал за критики во медиумите, велат во ИВЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This