ДЕНЕС СЕ СЛАВИ ИВАНДЕН: Раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител Господов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.

Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот Архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захарија во јерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната деBица, Архангелот го објави чудеcното зачнување на една бездетна старица.

Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се вpза со немоcт, па остана не м сè до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи не м напиша на табличка: „Јован“.

Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јавил Ангел Божји, дека он емел, а потоа му се одврзал јазикот штом го напишал името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заkолат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на Захариевото семејство, за да го уб ијат и Јован.

Но, Елисавета благовремено го соkри детето. Ра3jарен од ова, царот Ирод испрати џе лати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го уб ијат. Захарија беше уб иен меѓу пpитворот и храмот, а неговата кpв се заcири и се сkамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се сkpи во една пештера, во којашто набрзо таа ум ре. Младенецот Јован остана сам во пуcтината, препуштен на грижа на Бога и Неговите Ангели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This