ДЕНЕС СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ КАЈ ПЕНДАРОВСКИ: Министерот Филипче и гувернерката Ангеловска-Бежоска на седницата на Советот за безбедност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во проширена форма денеска ќе биде ќе биде одржана седница на Советот за безбедност во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Од Кабинетот на шефот на државата, информираат дека покрај постојаните членови на Советот, претседателот Пендаровски ги поканил и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This