Денот на кој се славеше униформата и службата, а идеалите беа одамна мртви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Југословенската народна армија (ЈНА) е формирана на 1 март 1945 година, кога народната ослободителна армија и партизанските одреди на Југославија беа реорганизирани и преименувана во Југословенска армија со одлука на врховниот командант на НОВ и ПОЈ, маршалот на Југославија Јосип Броз Тито.

Од последната одржана воена парада 1985 година во Белград

Потоа ги претставуваше вооружените сили на Демократска Федеративна Југославија, а на 29 ноември 1945 година, по прогласувањето на Федеративна Народна Република Југославија, стана вооружена сила на ФНРЈ.

Сепак, датумот на основање кој се славеше беше 22 декември 1941 година, кога Првата пролетерска бригада ја имаше првата битка. Основана е еден ден порано на 21 декември, во градчето Рудо, на роденденот на Јосиф Сталин, но по 1948 година била донесена одлука да не се одбележува тој ден, туку денот на „огненото крштевање“.

Гранични единици на ЈНА

ЈНА се состоеше од видови, родови и служби. Видовите беа: копнена армија, воздухопловство и противвоздушна одбрана и морнарица. Родовите беа: пешадија, артилерија, артилерија и ракетни единици на ПВО (во трите типа на ЈНА), оклопни единици, инженерство, АБХ одбрана, комуникации и гранични единици. Службите во ЈНА беа: техничка служба, градежна служба, интендантска служба, сообраќајна служба, воздухопловна техничка служба, безбедносни органи и воена полиција, медицинска служба, ветеринарна служба, финансиска служба, административна служба, правна служба, геодетска служба, музичка служба и информатика во состав. Кон крајот на 80-тите, ВОЈИН (воздушно јавување, известување и наведување) системот стана посебен род во армијата.

Воената служба во ЈНА беше општа. Се состоеше од регрутирање, една година воена служба и служба во резерва.

ЈНА ја напушта Македонија во 1992 година

По референдумот за независност, ЈНА веќе поголем дел од оружјето нелегално го евакуираше од Македонија и го носеше во кризните подрачја на тогашна СФРЈ, односно во Босна и Хрватска.

Тенковите М-84 од Скопската оклопна бригада кои ги повлече ЈНА

Иако тогашна Република Македонија не учествуваше, ниту зазеде страна во југословенските конфликти, таа претрпе човечки загуби. Околу 54 млади Македонци кои загинаа беа регрути во Југословенската Народна Армија, кои, кога избувна вооружениот судир, се најдоа на различни места на територијата на тогашна СФРЈ.

Со договорот „Глигоров-Аџиќ“ беше превидено дислокацијата на ЈНА од територијата на Македонија да се изврши најдоцна до 15 април 1992 година со луѓето, оружјето, муницијата и материјално техничките средства и другиот подвижен имот што му припаѓа на формацискиот состав на единиците и командите на ЈНА.

Повлекување на ЈНА од воениот аеродром Петровец

Во рамките на постигнатиот договор, примопредавањето на граничните објекти е завршено до 20 март 1992 година, а последниот војник на ЈНА ја напушта територијата на Македонија на 26 март 1992 година. Повлекувањето се завршило без посеризни инциденти и на мирен начин, а ЈНА со себе го повлекла скоро целото вооружување, материјално технички средства и муниција, стационирано во Македонија согласно завршниот акт на претходно потпишаниот договор за повлекување.

Југословенската народна армија официјално исчезна и прекина да постои на 20 мај 1992 година, со прогласувањето на Југословенската армија за вооружени сили на Сојузна Република Југославија. Од единиците на ЈНА што останаа во Босна и Херцеговина, беше формирана Армијата на Република Српска, а од единиците во Хрватска, Армијата на Република Српска Краина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This