ДЕН ДОНЧЕВ НИКАДЕ ГО НЕМА: ФЗО затворен за јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од оваа институција втор ден молк. Никој не одговара на поставените прашања во колку аптеки се укинати квотите и дали е неопходно пациентите лично или со лична карта да ги потигнат како и тоа дали ова може да се одрази на состајбата со лекови во другите градови и на финансиската стабилност ФЗО воопшто.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави дека од денеска се укинуваат квотите на лекови во аптеките во туристичките места. Тоа значи дека пациентите со рецепт не смее да бидат вратени односно не смее да не им биде издаден лек или пак да им биде понудено да го купат приватно. Иако Фондот за здравствено осигурување е тој што ги утврдува квотите на лекови, го промени правилникот со кој делумно ги укинува, ги плаќа лековите и ги склучува договорите со аптеките, сепак од оваа институција втор ден молк. Никој не одговара на поставените прашања во колку аптеки се укинати квотите и дали е неопходно пациентите лично или со лична карта да ги потигнат како и тоа дали ова може да се одрази на состајбата со лекови во другите градови и на финансиската стабилност ФЗО воопшто.

Прочитајте и… Погледнете колкава сума наплатиле извршителите во текот на минатата година
Директорот на ФЗО Ден Дончев не одговара на телефон, неофицијално тој е на годишен одмор. Инаку Дончев во овие две години колку што е директор не сака многу да дава отчет пред јавноста за она што се работи во ФЗО, па така прескоференциите што ги има одржано може да се избројат на една рака.

На годишен одмор е и лицето задолжено за контакт со медиуми Мимоза Гугуловска. Прашањата пратени на маил, вчера никој не ги одговори, а дали денеска ќе се добие информација останува да видиме.

Во нормални услови на прескофернеција за вака голема промена би излегле заедно Министерството за здравство, Фондот за здравство и претсавник на аптеките за да може убаво да с еобјасни новинаната и начинот на кој таа ќе се реализира во пракса.

Прочитајте и… Голем топлотен бран ја зафати Јапонија, најмалку седум мртви
Вака со половични и нецелосни информации кои ги даде Филипче, се остава впечаток дека реформава не е баш до крај смислена или пак воопшто нема да се реализира туку има единствена цел да се создава впечаток во јавноста дека нешто добро се случува.

Филипче вчера рече дека од денеска, жителите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија ќе имаат лекови во секое време, во било кој ден од месецот. Денеска на Фејбук дообјасни дека начинот на издавање на лековите останува ист како и до сега. Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства. Ова значи дека во овие градови лекови на рецепт може да подигнат сите осигуреници на ФЗО и никој не смее да биде вратен, ПИШУВА СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This