ДЕН НА ПРЕСУДА ЗА „ТЕНК“: Пресуден ден за случајот со „Мерцедесот“, сите тврдења на СЈО паднаа во вода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден беа јасно обелоденети факти за случајот „Тенк“, кој СЈО го отвори за набавката на возилото Мерцедес.

Тврдењата на Обвинителството на Катица Јанева беа буквално соборени со факти.

Вештачењата во случајот „Тенк“ биле доверени на странско правно лице, придружница од Италија која впрочем не ги исполнувала условите, законските прописи во РМ за извршување на вештачење. Фирмата, согласно законот за трговски друштва нема статус на трговско друштво и не е регистрирано во Централниот регистар за дејност според која би можела да врши вештачење.

Ова го изјави пред судот адвокатката Сања Алексиќ, која како дел од одбраната на обвинетите во „Тенк“ на почетокот на рочиштето рече дека одбраната ги оспорува двете вештачења, материјално – финансиско, како и од машински сообраќај, кои се наоѓаат на записник од главна расправа на ден 12 февруари 2018 година.

– Доказите се изработени од нерелевантна фирма па според тоа и тие се нерелевантни. Одбраната останува во целост на овие истакнати приговори од записникот на рочиштето одржано на 12 фебруари 2018 година. Згора на ова, според член 296 став 1 од ЗКП повредено е и правото на одбраната да присуствува на ваквите вештачења, рече Алексиќ.


Сведокот вештак Страхил Глигоровски вчера даде изјава во однос на вештачењето во случајот Тенк.

Тој рече дека бил ангажиран од странска подружница во Скопје, од фирмата ЕОС Консалтинг АД Рим од Италија.

На вештачењето не била присутна одбраната и сведокот потврди дека при вештачењето утврдено е дека компанијата од каде е купено блиндираното возило направила вообичаен профит, односно немала екстра добивка.

Сомнеж за стручните знаења на вештакот Герамитчиевски
Одбраната во случајот „Тенк“ се обидуваше да извлече одговори од сведокот вештак, Тале Герамитчиевски за како што кажа адвокатот Стерјо Зиков, да ги докаже неговите стручни познавања во врска со тендерската документација и во делот на спецификациите на возилото. Но, безуспешно. Судијата Кацарска ги усвојуваше сите приговори на ЈО на прашањата од одбраната.

Адвокатите беа спречени во обидот да извлечат нешто повеќе од вештакот, кој бил задолжен да ги анализира и споредува техничките карактеристики од листата на спецификации со набавеното возило Мерцедес с 600 Гард. Па, според тоа адвокатката Сања Алексиќ рече дека одбраната се сомнева во стручните знаења на вештакот Тале Герамитчиевски.

Пред Судот вчера исказ даде и шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Дејан Митревски- Урко.

Тој изјави дека стариот Мерцедес бил многу амортизиран и имал проблеми со гумите кои често пукале. Митревски рече дека се јавил во фабриката и од таму му соопштиле дека замена нема, бидејќи тие гуми се исфрлени од употреба.

– Мерцедесот имаше проблеми со старата шофершајбна, а за неа исто така немаше замена. Таа често пати ни правеше главоболки поради тоа што создаваше диоптрија. После подолго гледање низ шофершајбната имавме вртоглавици. Исто така моторот грееше, проблеми со хладњакот и хидрауликата, па почесто го носевме на сервис, рече Урко и додаде:

„Имавме уште едно „Гранд Широки“, но и тоа беше старо и накнадно блиндирано и тоа често пати го враќавме со шлеп служба. Јас често пати реагирав кај претседателот на владата, бидејќи јас сум тој кој одговара за животите на ВИП личностите во возилата и воопшто. Свесен за ова, од прв ден инсистирав за ново возило, но добив одговор после 6-7 години кога се набави новиот Мерцедес. Претседателот цело време ме убедуваше дека има возила и дека сега за сега тие ќе се употребуваат“, рече сведокот.

Митревски раскажа и случка кога на возилото му откажала хидрауликата во возење, па тој со левата рака го грабнал воланот на шоферот и помогнал да не удрат во куќа на пат накај вилата на Водно, туку удриле во столпчиња и имало минимална штета.


Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по вчерашното судење за случајот „Тенк“ рече дека вчера имало тројца сведоци кои дале нова светлина на работите кои водат до тоа дека во тендерската процедура нема прекршување на законите.

Тој појаснува дека првиот сведок од компанијата АутоМакедонија, Зоран Василевски рекол оти со промените на законите за монопол во Македонија од 2005 и 2006 година, на тендер можат да конкурираат сите увозници на возила, а не само генералните застапници.

-Тоа ја побива тезата на СЈО дека со тендерот бил протежиран Макауто Стар, вели Груевски.

Според него, сведокот од АутоМакедонија рекол дека компанијата продава автомобили за кои тие не се генерални застапници.

Груевски вели дека вториот сведок, економскиот вештак Страхил Глигоровски потврдил оти компанијата од која бил купен Мерцедесот не заработила екстра профит

-Тој потврди дека во случајот со набавката на ова возило не постои штето. Имено, тој кажа дека компанијата која го продала автомобилот заработила вообичаена маржа, појаснува Груевски додавајќи дека таа нема заработено екстра профит и оти нема никаква штета.

Според него, третиот сведок, Тале Герамитчиевски е контроверзен бидејќи бил ангажиран од компанијата ЕОС Консалтинг, чиј раководител е поранешниот потпретседател на владата на СДСМ, Димитар Бузески.

Груевски вели дека вештакот е поранешен пратеник на СДСМ и поранешен заменик министер за образование.

-Тоа се луѓе кои што со години како мои политички противници оделе по куќи, оделе по медиуми, оделе каде ќе стигнат, говореле против мене, се бореле против мене, ме оцрнувале лично. И сега тие луѓе, од стотици компании за вештачење во Македонија, од над 1000 вештаци во Македонија, баш тие луѓе СЈО ги одбрала да бидат вештаци и да изработат вештачење врз база на кое Судот треба да донесе пресуда, вели Груевски.

Тој појаснува дека првата контроверзна работа во изборот на вештакот е што тој е машински инженер, а требал да вештачи интелектуална сопственост.

-Лицето јавно призна дека не се чувствува како експерт за блиндирани возила. Дури кажа и дека во Македонија нема експерти за блиндирани возила, рече Груевски.

Вели дека со тоа самиот потврдил оти бил избран вештак кој не може да биде релевантен.

Груевски појаснува дека вештакот открил оти пропуштил да направи споредба со возилата произведени во САД, Јапонија, Русија и Кина.

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека обвинителот рекол оти ниту една конкурентска компанија која продава автомобили немале никаква жалба во врска со тендерот, па затоа МВР немала потреба да го коригира тендерот.

-Некој се плашел да направи поголема споредба. Станува збор за предмет кој е сериозно конструиран, рече Груевски.

На новинарско прашање Груевски вели дека во моментот на државата и се потребни најмалку пет блиндирани возила бидејќи целиот возен парк е премногу стар и е во премногу лоша состојба, како безбедносна, така и сообраќајна.

Најмалку пет вакви возила треба да набави државата. Целиот возен парк е премногу стар и е во премногу лоша состојба, како сообраќајна така и безбедносна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This