Ден посветен на Светите Дванаесет мачeници кои поcтpадaa во времето на Диоkлециjан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ , 1-ви март е посветен на Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан.
Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фр лен во оган за Христа.

Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Мисир, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Јеремија, Самуил и Даниил“.

На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“. Сите беа убиени, а со нив постpада и момчето Порфириј, кое ги побара нивните тела за да ги погpeба. Тие беа уб иени со меч, а него го изго реа во оган. Уште и Селевкиј, кој пријде и ги бакна мач ениците пред мечот да падне врз нивните глави. Пред ова Селевкиј беше офицер. И старецот Теодул, слуга на римскиот судија, бидејќи при погребната поворка бакна еден од мачениците. Најпосле и Јулијан, кој ги целиваше мр твите тела на ма чениците и ги фалеше. И така дадоа мало за големо и евтино за скапоцено и см ртно за бес мртно и се преселија кај Господ во 308 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This