ДЕН ПО ВОДИНЦИ – Денеска го славиме Свети Јован Крстител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вториот ден од Богојавленските празници, православните христијани го слават Соборот на Свети Јован Крстител, Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Денеска е именден на сите што се викаат Јован, Јон, Јованка, Јована, Јоана, а на многумина овој ден им е семејна слава,

Празникот Свети Јован Крстител е посветен на светителот и пророкот кој го крсти Исус Христос во реката Јордан. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него се законот и пророците.

Јован се нарекува Крстител, затоа што, според житието го крстил Исус Христос, а Претеча бидејќи тој го најави доаѓањето на Христа. Јован ги крштаваше во реката Јордан сите кои сакаа да се покајат. Живеел едноставен и аскетски живот, хранејќи се со инсекти и мед од диви пчели, и се облекувал во облека од камилски влакна.

Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Она што тој постојано го нагласувал е дека неговото крштение со вода е само подготовка за пречекот на Месијата и дека Месијата кој доаѓа е поголем од него.

А токму Христос доаѓа кај Јордан со барање да биде крстен, за да „ја исполни секоја правда”. Јован го крштева Исус и го претставува на народот како „Јагне Божјо кое на себе ги зема гревовите на светот” и за да „ја исполни секоја правда.” Јован за Христос сведочел како за вистински Бог и Син Божји и Спасител на светот при тоа вршејќи ја својата служба во „духот и силата на Илија.” Себе се сметал за недостоен да ги „одврзе ремчињата на неговите обувки”.

Како нестрашлив проповедник на богоморалниот живот, свети Јован не се воздржувал од упатување прекори на царот Ирод поради неговиот незаконски брак со Иродијада, жената на својот полубрат Филип, која во бракот ја донела и нејзината ќерка од претходниот брак.

Поради тоа, Ирод го фрлил во темница во тврдината Махир, во пустината и сакал да го убие. Од тоа го одвраќала помислата на народот, за кој свети Јован важеше за пророк. На Иродовиот роденден, за време на гозбата, керката на Иродијата Салома со своето танцување го воодушевила Ирод и тој пред сите ветил дека ќе ѝ подари сѐ што ќе посака, па дури и половина царство. По совет на мајка и, Салома ја побарала главата на светиот Јован Претеча и царот ѝ ја исполнил желбата: џелат му ја отсекол главата на славниот Христов пророк и ѝ ја дал на девојката, а таа на својата мајка. Дознавајќи за тоа, учениците јованови го погребале остатокот на неговото тело.

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, меѓу нив и Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител во Македонија. Токму на тоа свето место се наоѓа и чудотворната икона на Свети Јован Крстител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This