April 28, 2024, 12:22 am

ДЕРКОВСКИ МУ ОДГОВОРИ НА ЗАЕВ: За да се гласа до 21 часот треба да се измени изборниот законик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Министерот за здравство рече дека ќе бараат изборниот ден да се продолжи за два часа, првиот човек на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски за ТВ21 вели дека тоа би значело дека треба да се направат и измени во изборниот законик.

„Доколку има такво барање тоа би значело дека треба да се направи и измена во изборниот законик, бидејќи таму е пропишано дека изборниот ден трае до 19 часот“, вели Оливер Дерковски за ТВ21.

Филипче потенцираше дека ќе бараат од Советот за безбедност продолжување на вонредната состојба, а тоа ќе биде и клучно доколку треба да се направат измени во Изборниот законик бидејќи во моменти кога Собранието е надвор од функција, само Владата може да донесе уредба со законска сила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This