Деркоски: Нема да дозволиме на ниту еден граѓанин да му се ускрати правото на глас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на времето кое и преостанува на Државната изборна комисија до изборите на 15 јули, претседателот на Комисијата, Деркоски посочува дека еден од столбовите на Избирачкиот законик е избирачкиот список. Според него во периодот до изборите Комисијата ќе успее да го прочисти Избирачкиот список и на 15 јули ќе можат да го дадат својот глас сите оние граѓани кои дотогаш ќе наполнат  18 години. Деркоски истакна дека од првиот момент неговата цел била да не се ускрати правото на глас на ниту еден граѓанин.

-Oд тие причини ја постојано апелирав, инсистирав да внимаваме на избирачкиот список затоа што избирачкиот список е вториот столб на Избирачкиот законик врз кој се одвиваат изборите и вие доколку немате прочистен избирачки список на време прочистен и затворен не можете да одите на избори. Има од периодот кога се прекинаа дејствијаат до денот кога ќе се гласа , помина одреден период од скоро три месеци во кој имаме доста промени. Ние во меѓувреме квартално добиваме информации од МВР и извшивме преработка за мај и ја имаме состојбата заклучно со први мај. Изминатите денови додека траеше вонредната состојбата Владат асо уредба уреди одредени прашања ги задолжи МВР и останатите институции да ни достават повторно дополнителни информации. Ги користиме тие информации и вршиме во меѓувреме преработка на податоците, а во секој случај мора да се преработи избирачкиот список во онаа форма во која предвидува методологијата за обработка на списокот за да никој не го делегитимира изборниот процес. Сега ќе може да гласаат граѓаните до 15 јули ќе полнат 18 години. Ние тие податоци ќе ги обезбедиме, вели Деркоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This