ДЕСКОСКА: Во преговорите за СЈО нема напредок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за правда, Рената Дескоска по завршувањето на денешната средба со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, за новиот закон за обвинитeeлство, изјави дека немало напредок.

Разговарале за отворените прашања кои се однесувале за статусот на предметите кои ги води СЈО. Во тек на разговорите, рече Дескоска, се отворило прашањето за статусот на Обвинитeeлството кое би било правен наследник на СЈО и дека според владиниот предлог, СЈО би се споило со обвинитeeлството за организиран криминал и корупција.

Ставот на министерката е дека немаат намера со закон да го прекинат мандатот на оние обвинитeeли и истражители кои се уште се во работен однос. Нудат две опции за истражителите во СЈО да се префрлат во новото обвинитeeлство или да се вратат во МВР, а потоа да се формира истражен центар во обвинитeeлството за организиран криминал.

Клучно прашање околу кое не можат да се договорат е статусот на предметите на СЈО, кои како што рече Дескоска, според нивниот предлог тие треба да се трансферираат во новото обвинитeeлство со цел да нема застој и губење на доказите.

Таа рече дека се договориле со ВМРО-ДПМНЕ забелешките на опозицијата на законот да се достават како амандмани на комисиската расправа што се очекува да се одржи в четврток.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This